За нас
Добредојдовте Државно средно училиште – Регионален центар за стручно образование и обука „Никола Карев" од Струмица има околу 1500 ученици опфатени во образовни профили со четиригодишно и тригодишно траење на образованието. Ние сме средина секогаш отворена за креирање и создавање. Користејќи современа образовна технологија вршиме оспособување на кадри способни да одговарат на современите професионални предизвици.
Мисија
Тргнувајќи од професионалниот и прострниот потенцијал со кој располага нашето училиште, поставен е приоритет во свекупната работа изразен во мисијата. Изјава на мисијата: Ние сме средина секогаш отворена за креирање и создавање. Користејќи современа образовна технологија вршиме оспособување на кадри способни да одговорат на современите професионални предизвици.
Визија
Во насока на остварувањето на поставените цели со однапред предвидена динамика, во рамките на можностите прилагодена и на општествените движења, се смета дека во период од три до пет години нашето училиште со веќе изградена училишна култура ќе биде иницијатор и медијатор во развојот пред се во локалната соработка со стопанските субјекти, со владини и невладини организации. Од сите нив нашите ученици кои со своите ментори и професори користејќи ги поврзаноста ќе бидат носители на соработката како во локалната средина така и пошироко во регионот.