Еразмус+

Португалија

Втора #Еразмус+ мобилност на ученици од СОУ "Никола Карев" Струмица во рамки на меѓународниот проектот "Code of Future - Eco friendly robotics" во Лисабон, Португалија. Втор ден активности со Мbot едукативен сет за роботика. Учениците имаа задача да совладаат математички проблем и да направат код според кој роботот ќе изврши зададена задача. Учениците успешно го завршија овој интересен предизвик.

Лисабон, Португалија

Втора #Еразмус+ мобилност на ученици од СОУ "Никола Карев" Струмица во рамки на меѓународниот проектот "Code of Future - Eco friendly robotics". Тимот од четири ученици и двајца професори учествуваат на втората Erasmus + мобилност во Лисабон, Португалија. Денешниот ден им започна со активности со Аугментативна реалност, а потоа имаа претставување на нашата култура и традиција. Овие програми и проекти се одличен начин за стекнување нови и размена на веќе стекнати искуства, како и претставување на нашата држава во најдобро светло.

Талин

Два дена успешни активности на учениците од СОУ "Никола Карев" Струмица во првата Еразмус+ мобилност во Талин, Естонија од проектот "Code of future - Eco friendly robotics". За време на своите активности тие конструираа и кодираа автономен робот за достава до одредена локација. Така успешно ја исполнија целта на мобилноста за "Eco friendly robotics - Green roads".

Полска

Во периодот од 13/02/2023 до 17/02/2023, во градот Жешов во Полска се одржа петтата мобилност од Erasmus+ проектот The code of future – eco friendly robotics. На која учество земаа шест училишта од шест различни држави: Естонија, Турција, Португалија, Шпанија, Македонија и домаќинот Полска. Нашето училиште го претставуваа шест учесници, од кои двајца наставници и четири ученици. Мобилноста беше на тема Сино небо - чист воздух. Учениците имаа можност да развиваат VEX IQ роботски решенија во еколошки цели и решавање на проблеми поврзани со животната средина и зајакнување на употребата на еко-пријателски роботи.