Огласна табла

22.10.2026

ИНВЕСТИРАЈ ВО СВОЈАТА ИДНИНА – СТЕКНИ ЗНАЕЊЕ И ПРАКТИЧНИ ВЕШТИНИ!

БЕСПЛАТНА ОБУКА ЗА БРАВАР

ДСУ – РЦСОО „Никола Карев“ – Струмица, во соработка со Агенцијата за вработување, објавува повик за пријавување кандидати за обука за занимањето БРАВАР.

Услов за пријавување: Најмалку завршено основно образование.

СТРУКТУРА НА ОБУКАТА

Обуката се состои од два дела:

1. Стручна обука – 2 месеца

Стекнување основни стручни знаења и практични вештини за извршување браварски работи, под водство на верификувани обучувачи.

2. Практична работа – 1 месец

Примена на стекнатите знаења во реални работни услови кај работодавач, со цел стекнување практично искуство.

ШТО ДОБИВААТ УЧЕСНИЦИТЕ?

Бесплатна стручна обука и практична работа.

Месечен бруто-надомест од 12.000 денари за времетраењето на обуката.

Сертификат по успешно завршување на обуката, практичната работа и предвидениот испит.

ПРИЈАВИ СЕ НАВРЕМЕ!

Краен рок: 26 октомври 2026 година, или до пополнување на предвидениот број кандидати.

Место за пријавување: Центар за вработување – Струмица.

Време: Секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот.

22.10.2026

Октомвриска испитна сесија

Вонредни ученици ќе полагаат испити на следните датуми: 26,27,28 октомври 2026 година.

Датум за полагање на испити од V степен е 30 октомври 2026 година.

02.11.2026

Јавен повик за валидација на стручни квалификации

Имате знаење и искуство, но немате сертификат? Вашето знаење заслужува официјално признание!

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија објавува повик за валидација на стручни квалификации, преку кој стекнатите знаења и вештини ќе можат да бидат официјално признати и сертифицирани.

Валидацијата ќе се реализира во ДСУ-РЦСОО „Никола Карев“ – Струмица.

Кој може да се пријави?

Право на пријавување имаат невработени лица кои:

  • се евидентирани во Агенцијата за вработување;
  • имаат најмалку завршено основно образование.

Занимања опфатени со повикот

Валидацијата ќе се спроведува за следните занимања:

  • Инсталатер за греење и климатизација
  • Автомеханичар
  • Инсталатер за цевкини водови
  • Машински механичар
  • Поставувач на подови и плочки
  • Ѕидар – фасадер
  • Монтер на сува градба
  • Администратор на веб-страница
  • Автоелектричар
  • Електричар

Рок за пријавување

До 20 ноември 2026 година, или до пополнување на предвидените 200 места на национално ниво.

Каде и кога да се пријавите?

Заинтересираните лица можат да се пријават во Центарот за вработување каде што се евидентирани.

Пријавувањето се врши секој работен ден, од 09:00 до 14:00 часот.

Дополнителни информации

За повеќе информации, обратете се на:

Телефон: 02-3111-850

Веб-страница: www.av.gov.mk

Искористете ја можноста вашето знаење и искуство да добијат официјално признание!