Новости
Објава на Facebook
Прочитај на Facebook →🏆 ОД ИДЕЈА ДО ПРОМЕНА – НАШИТЕ УЧЕНИЦИ СО ПРВО И ТРЕТО МЕСТО! 🥇🥉
🏆 ОД ИДЕЈА ДО ПРОМЕНА – НАШИТЕ УЧЕНИЦИ СО ПРВО И ТРЕТО МЕСТО! 🥇🥉
Младите не се само иднината – тие се двигатели на промените денес!
Со исклучителен успех, креативност и иновативни идеи, учениците од ДСУ – РЦСОО „Никола Карев“ – Струмица го заокружија своето учество во проектот ЛАПСИ – Локални активни платформи за социјални иновации, организиран од Институтот Охрид.
🥇 ПРВО МЕСТО – „ДОМ ЗА МЛАДИ“
Нашите ученички Софија Атанасова, Ана Митева, Софија Палифрова и Зорица Трајановска ја освоија првата награда со идеја за создавање простор во Струмица каде што младите ќе се поврзуваат, ќе се развиваат и ќе ги претвораат своите идеи во реалност!
🥉 ТРЕТО МЕСТО – „РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА БИБЛИОТЕКАТА“
Нашите ученички Ева Арсова и Софија Туранова, како дел од комбиниран тим со ученички од СОУУД „Димитар Влахов“, го освоија третото место со идеја за оживување на библиотеката и создавање современ, инспиративен простор за младите.
👏 Упатуваме честитки до наградените тимови, но и до сите ученици кои со својата посветеност, иницијативност и тимска работа достојно го претставија нашето училиште!
Овие успеси се потврда дека кога на младите ќе им се даде можност да размислуваат, создаваат и дејствуваат – се раѓаат идеи што можат да ја променат заедницата!
ГОРДИ СМЕ НА ВАС! Продолжете да создавате промени!
ОД ТЕОРИЈА ДО ПРАКТИКА – АРХИТЕКТУРАТА НИЗ КРЕАТИВНОСТА НА УЧЕНИЦИТЕ
ОД ТЕОРИЈА ДО ПРАКТИКА – АРХИТЕКТУРАТА НИЗ КРЕАТИВНОСТА НА УЧЕНИЦИТЕ
Учениците од втора година, образовен профил Архитектонски техничар под менторство на проф. Данче Серафимова при ДСУ – РЦСОО „Никола Карев“ – Струмица, ја преточија теоријата во практична работа преку изработка на архитектонски макети по предметот „Историја на архитектура и уметност“.
Преку оваа активност, учениците ги применија стекнатите знаења од наставните содржини, истовремено развивајќи ја својата креативност, просторна перцепција, прецизност и вештини за архитектонско моделирање.
Изработените макети се резултат на посветеност, истражување и практична примена на наученото.
Веруваме дека знаењето добива вистинска вредност кога од училницата ќе премине во практиката!
ДСУ – РЦСОО „Никола Карев“ – Струмица продолжува да поттикнува современа, креативна и практично ориентирана настава, во која учениците не се само приматели на знаење, туку и активни создавачи.
*🏆🥈 **ВТОРА НАГРАДА ЗА „НИКОЛА КАРЕВ“ НА ЕВРОПАС ВИДЕО НАТПРЕВАРОТ!** 🇪🇺🎉
*🏆🥈 **ВТОРА НАГРАДА ЗА „НИКОЛА КАРЕВ“ НА ЕВРОПАС ВИДЕО НАТПРЕВАРОТ!** 🇪🇺🎉
Уште еден успех, уште една потврда за знаењето, креативноста и потенцијалот на нашите ученици!
Ана Митева, ученичка во трета година, образовен профил Компјутерска техника, имформатика и автоматика, ја освои втората награда на Европас видео натпреварот, организиран од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност.
🎓 Под менторство на Марија Рашковска, координатор за Еразмус+, Ана успешно го претстави процесот на креирање Европас профил, демонстрирајќи дигитални вештини, самостојност и подготвеност за предизвиците на современиот европски образовен простор.
👏Браво, Ана! Твојот успех е доказ дека знаењето, посветеноста и амбицијата носат резултати!
🚀Успесите не се случајност – тие се резултат на знаење, труд и храброст да се прифатат нови предизвици!
🏆 УСПЕСИ НА НАШИТЕ УЧЕНИЦИ НА ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС! 📚✨
🏆 УСПЕСИ НА НАШИТЕ УЧЕНИЦИ НА ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС! 📚✨
На литературниот конкурс „Најслатките спомени живеат кај баба и дедо“, распишан од ЛУБ „Благој Јанков – Мучето“ – Струмица, нашите ученици постигнаа одлични резултати и освоија заслужени награди! 👏
🥇 Прва награда за ученичката Радица Барбутова, од I година, под менторство на Елисавета Фончева.
🥉 Трета награда за ученикот Јован Стојков, од II година, под менторство на Александра Митрова.
💐 Искрени честитки до наградените ученици и нивните менторки за постигнатиот успех, креативноста и љубовта кон пишаниот збор!
🌟 Продолжете да творите, да инспирирате и да ги преточувате најубавите спомени во приказни што допираат до срцата!
Градиме знаење, креираме иднина! ❤️📖
🏛️ ИДНИТЕ АРХИТЕКТИ ВО ЧЕКОР СО СОВРЕМЕНИТЕ АРХИТЕКТОНСКИ ИДЕИ
🏛️ ИДНИТЕ АРХИТЕКТИ ВО ЧЕКОР СО СОВРЕМЕНИТЕ АРХИТЕКТОНСКИ ИДЕИ
На 27 октомври 2026 година, учениците од образовниот профил Архитектонски техничар при ДСУ – РЦСОО „Никола Карев“ – Струмица присуствуваа на презентација на студентски проекти на тема „Мултимедијален културен центар во Струмица“, која се одржа во Младинскиот центар – Градско собрание, со почеток во 10:30 часот.
Преку презентираните архитектонски решенија, учениците имаа можност да се запознаат со современи пристапи во проектирањето, креативни идеи и иновативни концепти за развој на урбаниот простор во нашиот град.
Оваа посета претставува значајно искуство за нашите идни архитектонски техничари, поттикнувајќи ја нивната креативност, професионална љубопитност и интерес за понатамошно усовршување.
Веруваме дека иднината на архитектурата започнува со идеја, а се гради со знаење, креативност и визија!
🌿 ОБРАЗОВАНИЕТО ОТВОРА МОЖНОСТИ – ЗАЕДНО ГРАДИМЕ ПОСИЛНА ЗАЕДНИЦА!
🌿 ОБРАЗОВАНИЕТО ОТВОРА МОЖНОСТИ – ЗАЕДНО ГРАДИМЕ ПОСИЛНА ЗАЕДНИЦА!
Помошник директорката на ДСУ – РЦСОО „Никола Карев“ – Струмица, Zorica Stojanova учествуваше како говорник на трибината „Образование и можности за развој на руралната жена“, организирана од Фондацијата „Елеуса“.
На трибината свое излагање имаше и доц. д-р Билјана Атанасова од Земјоделскиот факултет при УГД – Штип.
🎓 Како регионален центар за стручно образование и обука, веруваме дека образованието, практичните вештини и доживотното учење се клуч за економска независност и еднакви можности.
🤝 Ги повикуваме институциите, компаниите, граѓанските организации и сите граѓани заеднички да создадеме повеќе можности за обука, вработување и развој на жените од руралните средини!
Благодарност до Фондацијата „Елеуса“ за поканата и можноста за соработка.
Проектот „Гласот на руралната жена – трибини за ранливост и инклузија“ е финансиски поддржан од Владата на РСМ – Министерството за односи меѓу заедниците.
🌱 Силна жена – силна заедница! Да создадеме можности заедно!
#НиколаКарев #РЦСОО #Струмица #РуралнаЖена #ОбразованиеЗаСите #ЕднаквиМожности #Елеуса
🏗️ 🇲🇰🤝🇫🇷 ЕРАЗМУС+ СОРАБОТКА ЗА НОВИ МОЖНОСТИ ВО СТРУЧНОТО ОБРАЗОВАНИЕ
🏗️ 🇲🇰🤝🇫🇷 ЕРАЗМУС+ СОРАБОТКА ЗА НОВИ МОЖНОСТИ ВО СТРУЧНОТО ОБРАЗОВАНИЕ
Во периодот од 19 до 21 октомври 2026 година, ДСУ РЦСОО „Никола Карев“ – Струмица беше домаќин на подготвителна посета на претставници од CFM BTP de Trappes, Франција**, во рамките на програмата Еразмус+.
Еразмус+ координаторот и професорите од секторот градежништво и геодезија реализираа работни средби со градежните компании „Жикол“ и „СИМ инженеринг“, како и со директорот, со цел подготовка на претстојните ученички мобилности и практичната обука
Гостите го посетија и манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“ во Вељуса, каде што присуствуваа на одбележувањето на Денот на градежништвото.
📅 Во февруари 2027 година, „Никола Карев“, заедно со компаниите „Жикол“ и „СИМ инженеринг“, ќе биде домаќин на ученици од Франција, каде ќе се реализира практична обука во областа на градежништвото.
🌍 Во текот на 2027 година и ученици од „Никола Карев“ ќе имаат можност да реализираат практична обука во партнерската институција во Франција преку програмата Еразмус+.
Продолжуваме да градиме европски партнерства, да го поврзуваме образованието со реалниот сектор и да отвораме нови можности за нашите ученици! 🇪🇺
🚐 НОВА ИНВЕСТИЦИЈА СО СОПСТВЕНИ СРЕДСТВА– ПРОШИРУВАЊЕ НА ВОЗНИОТ ПАРК НА ДСУ-РЦСОО „НИКОЛА КАРЕВ“...
🚐 НОВА ИНВЕСТИЦИЈА СО СОПСТВЕНИ СРЕДСТВА– ПРОШИРУВАЊЕ НА ВОЗНИОТ ПАРК НА ДСУ-РЦСОО „НИКОЛА КАРЕВ“ – СТРУМИЦА
ДСУ-РЦСОО „Никола Карев“ – Струмица продолжува со континуирано унапредување на условите за работа и зајакнување на сопствените капацитети.
Со сопствени финансиски средства, училиштето обезбеди ново возило наменето за транспорт на материјали и опрема за потребите на училиштето, со што дополнително го прошири својот возен парк.
Оваа инвестиција претставува значаен чекор кон поголема оперативна ефикасност, самостојност и подобра организација на секојдневните активности, особено при реализацијата на практичната настава и работните задачи.
Продолжуваме со одговорно управување со ресурсите и вложување во подобрување на материјално-техничките услови.
Инвестираме во капацитетите на училиштето – создаваме подобри услови за работа, учење и развој!
Вештачката интелигенција сè повеќе станува дел од нашето секојдневие, а образованието е една од о...
Вештачката интелигенција сè повеќе станува дел од нашето секојдневие, а образованието е една од областите во кои таа отвора нови можности, но и нови предизвици. Како да ја искористиме нејзината моќ за полесно учење, покреативна настава и подобри образовни резултати? Токму за ова разговараме во новиот поткаст на Радио Марија со професорките Славица Милева Ефтимова од СОУ „Јане Сандански“ – Струмица и Софија Драшковиќ од ДСУ РЦСОО „Никола Карев“ - Струмица кои се меѓу наставниците кои успешно ја завршија деветмесечната обука за примена на вештачка интелигенција и добија сертификати, не го пропуштајте разговорот започнуваме во 13.30 часот