Ученичката компанија MATIC е основана во месец септември 2021 година, од страната на 30-тина ученици од повеќе струки од нашето училиште – шумарско-дрвопреработувачка струка од I и IV година и дел од учениицте од IV година струка Компјутерска техника и автоматика. Ученичката компанија е основана како резултат на проектот од Junior Achievment-Macedonia со поддршка од Фонд за иновации и технолошки развој и USAID за поттикнување на претприемничките вештини на учениците и нивна насока за основање и менаџирање на компанија после завршувањето на нивното образование.
Џуниор Ачивмент Македонија e дел од светската мрежа Junior Achievement Worldwide која ги поттикнува и помага младите за идните работни места. Главната дејност на организацијата е спроведување на програми за претприемничко образование, финансиска писменост и подготвеност за работа на средношколци. Во центарот на дејноста се наоѓа програмата за Ученички компании, која ги поттикнува средношколците на практичен начин да се здобијат со знаења, вештини и компетенции како што се креативност, самодоверба, преземање иницијатива и одговорност, тимска работа. Визијата на Џуниор Ачивмент Македонија е инспирација и подготовка на млади луѓе за да успеат во глобалната економија.
Мисијата на нашата компанија е во првата учебна година изработка на неколку видови производи и преку донација на истите, запознавање на пошироката јавност,како потенцијални купувачи, а дел од нив веќе станаа наши клиенти. Целта е да се создаде високо квалитетна работна средина, а изгледот на производите да овозможи препознавање на нашата креативност и бизнис лидерство.
Визијата на нашата компанија е да станеме доминантна реална ученичка компанија на ниво на државата, со производство и продажба на секаков вид производи, при што асортиманот на производи ќе се прошири и со друг вид производи. Поголеми достигнувања во модерната технологија со висок квалитет дизајн и уникатност на производите да се содаде привлечна и поволна бизнис клима која ветува висок општествен статус на компанијата и училиштето.