Тргнувајќи од професионалниот и прострниот потенцијал со кој располага нашето училиште,поставен е приоритет во свекупната работа изразен во мисијата. Изјава на мисијата: Ние сме средина секогаш отворена за креирање и создавање. Користејќи современа образовна технологија вршиме оспособување на кадри способни да одговорат на современите професионални предизвици.
Во насока на остварувањето на поставените цели со однапред предвидена динамика, во рамките на можностите прилагодена и на опшествените движења, се смета дека во период од три до пет години нашето училиште со веќе изградена училишна култура ќе биде иницијатор и медијатор во развојот пред се во локалната соработка со стопанските субјекти, со владини и невладини ораганизации.Од сите нив нашите ученици кои со своите ментори и професори користејќи ги поврзаноста ќе бидат носители на соработката како во локалната средина така и пошироко во регионот.