Да имаат 18 години или 17 ипол години со потпишана согласност од родител.
Да имаат лична карта.
Да имаат лекарско уверение за полагање за возачка дозвола (се вади со помош на нашите инструктори).
Право на полагање на испити за возач инструктор има секое полнолетно лице со навршени 23 години старост, со завршено најмалку средно образование и положен возачки испит за соодветната категорија со поминати најмалку 3 (три) години од издавањето на истата
Сесија за полагање испити за возач инструктор има секој месец освен за време на зимскиот и летниот распуст (јануари и јули) и тоа секој последен петок во тековниот месец.