ДСУ-РЦСОО „Никола Карев“ Струмица беше дел од работилницата „Учење и образование на возрасни во стручното образование и обука: улогата на Центрите за стручна извонредност", со 40 учесници од ЕУ и другите земји од Европа и регионот. Основните иницијативи на Европската тренинг фондација, Креирање ново учење и Мрежа за извонредност, ги здружија силите за да го промовираат споделувањето добри практики и насоки за постигнување извонредност и да ја препознаат улогата на давателите на СОО во вештините за подобрување на учењето и образованието на возрасните. Согледувајќи ја потребата за зголемено учество на возрасните во образованието и обуката, целите на овој заеднички настан беа: - Разгледување на клучните предизвици со кои се соочуваат давателите на СОО во обезбедувањето образование за возрасни; - Споделување на добри практики и иновативни пристапи за зајакнување на улогата и капацитетот на давателите на СОО, особено во образованието на возрасните, преквалификацијата и доквалификацијата на возрасните, препознавање и признавање на претходното учење и верификација на неформалното и информалното учење; - Искористување на поволностите од вмрежување и соработка меѓу земјите-партнери на ЕТФ и здруженијата на даватели на СОО во ЕУ. - Преглед на алатките и пристапите за учење на возрасни, како што се микро квалификации, флексибилни понуди за учење, но и улогата на центрите за извонредност и компаниите во образованието на возрасните. Образованието на возрасни како пост-средно образование и верификација на неформално и информално учење претставува една од работните компоненти на регионалниот центар. Со донесување на новиот закон за образование на возрасни и соодветните планирани активности за подигање на свеста за значењето на оваа компонента, ќе се зголеми нејзината атрактивност, како и важноста на кариерниот развој на возрасните.
Врати се назад