Во Брага се одржа вториот транснационален состанок на проектот GREENLIGHT! ? 12 – 14 ноември 2024 година ? Брага, Португалија ? Успешно го завршивме вториот транснационален состанок на нашиот проект ЗЕЛЕНА СВЕТЛИНА (GREENLIGHT: Generating Renewable Energy Education Network Leading Initiatives for Green & Harmonious Tomorrows), финансиран од Европската комисија во рамките на програмата Еразмус+ (Проект бр: 2023-2-TR01-KA220-SCH-000180691)! ? ? Партнери во проектот: - Универзитет „Ситки Кочман“ Мугла (Турција) - координатор - Гимназија „Мехмет Четин“ Мугла (Турција) - Универзитет „Мињо“ Брага (Португалија) - Групација училишта „Алберто Сампајо“ Брага (Португалија) - ДСУ-РЦСОО „Никола Карев“ Струмица (Северна Македонија) - Општествено корпоративно претпријатие „Лиофило“ Патрас (Грција) ? Цели на проектот: - Зголемување на енергетската писменост кај младите - Подигнување на свеста за последиците од изборот на извори на енергија - Промовирање на еколошки одржливи енергетски практики ? Клучни точки од состанокот: - Преглед на материјалите за е-книга за обновливи извори на енергија. - Преглед на материјалите за веб страницата на проектот и тековна состојба на објавите. - Дискусија за напорите за енергетска транзиција со претставници од Градскиот совет на Брага, и компаниите DST Solar и Érre Technology како поддржувачи на проектот. - Посета на Институтот за наука и иновации за био-одржливост (IB-S) на Универзитетот „Мињо“. - Набљудување лабораториски практики за обновливи извори на енергија во работилниците за физика и хемија во училиштето „Алберто Сампајо“. ? Посебна благодарност до нашите португалски партнери, Универзитетот „Мињо“ и Групацијата „Алберто Сампајо“, за гостопримството и придонесот за успехот на состанокот! Заедно работиме на поодржлива иднина! ?
Врати се назад