Денес, 18.09.2024 година, на конференцијата „Осигурување на одржливост на реформите за подобрување на образовниот систем“, во организација на Проектот „Зголемување на атрактивноста, инклузивноста и релевантноста на стручното образование и обука и образованието за возрасни“, кој е финансиран од ЕУ, покрај министерката за образование излагање имаше и директорот на ДСУ РЦСОО ,,Никола Карев" - Струмица Архелос Туранов за перспективите на училиштето како Регионален центар за стручно образование и обука. На конференцијата беа присутни и наставници кои учествуваат во проектот од самиот почеток.
Врати се назад