ЕВРОПСКА НАГРАДА ЗА ИНОВАТИВНА НАСТАВА 2024 EUROPEAN INNOVATIVE TEACHING AWARD 2024 Проектот „Вклучување на европската стручна пракса во македонското средно образование“ на ДСУ РЦСОО „Никола Карев“ Струмица е ЛАУРЕАТ за Европската награда за иновативна настава (EITA) за 2024 година во полето Стручно образование и обука. ? Наградата се доделува на успешно завршени проекти во рамките на Програмата Еразмус+. Таа ги прикажува извонредните иновативни практики за настава и учење, имплементирани во рамки на програмата Еразмус +, а ја препознава и работата на наставниците и училиштата кои даваат извонредни придонеси во нивната професија. Темата на четвртото издание на оваа награда се однесува на добросостојбата во училиштата, со фокус на градење образовна средина која обрнува внимание на потребите, чувствителноста и можностите на учениците, на тој начин зајакнувајќи ја училишната заедница како целина. Национална агенција за европски образовни програми и мобилност https://www.youtube.com/watch?v=A1gFncIiMBc
Врати се назад