ИНТЕРЕН ОГЛАС ЗА УПИС НА УЧЕНИЦИ ВО ПРВА ГОДИНА ВО ДСУ РЦСОО „Никола Карев“ Струмица


Објавено од: Надица Ристиќ

За средниот успех од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од шесто, седмо, осмо и деветто одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10).

За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети (два наставни предмети задолжително за сите видови образование и два предмети што се значајни за струката), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет).

За освоено место од меѓународни и државни натпревари ученикот може да добие: За освоено прво место или златен медал од меѓународни нaтревари 5 поени; за втора награда или сребрен медал 4 поени; за трета награда или бронзен медал 3 поени; За освоено место од државни акредитирани натпревари: за I место – 3 поени, за II место – 2 поени и за III место – 1 поен.

За средна вредност од поените за поведение од VI до IX одделение, ученикот може да добие најмногу 5 поени. (Примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведението од шесто, седмо, осмо и деветто одделение поделен со 4).

Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши електронски преку линкот https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава преку сопствените кориснички сметки на schools.mk. Првото електронско пријавување на учениците ќе се врши на 14 јуни од 00:00 часот до 17 јуни 2025 до 23:59 часот. Утврдениот минимум број поени за првото пријавување е составен дел на овој Конкурс.

Струките и образовните профили може да ги погледнете во документот во прилог. Оглас 2025-2026

Врати се назад