Ученичка Компанија

Основање

Ученичката компанија MATIC е основана во месец септември 2021 година, од страната на 30-тина ученици од повеќе струки од нашето училиште – шумарско-дрвопреработувачка струка од I и IV година и дел од учениицте од IV година струка Компјутерска техника и автоматика. Ученичката компанија е основана како резултат на проектот од Junior Achievment-Macedonia со поддршка од Фонд за иновации и технолошки развој и USAID за поттикнување на претприемничките вештини на учениците и нивна насока за основање и менаџирање на компанија после завршувањето на нивното образование.

Производство

Компанијата се занимава со производство и продажба на мултифункционален и иновативен за домот и деловните простории (канцеларии). Палетата на производи што го произведува компанијата се:

Идеја

Идејата ја добија како резултат на ограничениот простор во домаќинствата и канцелариите, но и достапноста на ресурсите со кои се опремени кабинетите од шумарско-дрвопреработувачката струка.

Мисија

Мисијата на нашата компанија е во првата учебна година изработка на неколку видови производи и преку донација на истите, запознавање на пошироката јавност,како потенцијални купувачи, а дел од нив веќе станаа наши клиенти. Целта е да се создаде високо квалитетна работна средина, а изгледот на производите да овозможи препознавање на нашата креативност и бизнис лидерство.

Визија

Визијата на нашата компанија е да станеме доминантна реална ученичка компанија на ниво на државата, со производство и продажба на секаков вид производи, при што асортиманот на производи ќе се прошири и со друг вид производи. Поголеми достигнувања во модерната технологија со висок квалитет дизајн и уникатност на производите да се содаде привлечна и поволна бизнис клима која ветува висок општествен статус на компанијата и училиштето.

Линк до видео