Практична Настава

Практичната настава за тригодишното и четиригодишното образование се реализира во работилниците и лабораториите на училиштето и во просториите на социјалните партнери. Заради спесифичноста на одредени теми и содржини но и со цел да се влијае на подобрување на квалитетот на реализацијата на програмските содржини од аспект на следење на современите достигнувања на техниката се јавува потреба од соработка со стопански субјекти. Во таа насока треба да се изгради систем на ораганизација во реализирањето на практичната настава што ќе овозможи флексибилност во училиштето, односно прилагодување кон потребите на стопанските субјекти. Училиштето исто така ќе настојува да склучи посебни договори со опшествени и приватни претпријатија, како и со приватни лица со цел да се обезбедат реални објекти на кои учениците ќе можат практично да ги применат знаењата што ги добиле преку теоретската настава.

Електротехничка струка

Машинска струка

Градежна струка

Текстилна струка

Дрвна струка

Сообраќајна струка