Новости

Активности во нашето училиште

Start the change

slika

На меѓународната конференција "Start the change" кое се одржа во Загреб- Р.Хрватска нашето училиште,претставено од професорките Олгица Цонева и Маргарета Спасов, зеде активно учество. Беа разменети искуства, спроведени работилници заедно со други колеги од нашата држава, од Хрватска и од Португалија. Професорките добија многу инспиративни идеи на кој начин нашите ученици можат да бидат вклучени во креирањето на образовниот процес, на повеќе нивоа..

Маскен марш

slika

И оваа година маската на нашето училиште "Маскен марш" го освои првото место со 70 бодови во групата А на маски со над 50 учесници. Честитки и браво за сите кои беа ангажирани во изработка и претставување на маската.

Еразмус+

slika

Втора #Еразмус+ мобилност на ученици од СОУ "Никола Карев" Струмица во рамки на меѓународниот проектот "Code of Future - Eco friendly robotics" во Лисабон, Португалија. Втор ден активности со Мbot едукативен сет за роботика. Учениците имаа задача да совладаат математички проблем и да направат код според кој роботот ќе изврши зададена задача. Учениците успешно го завршија овој интересен предизвик .

Еразмус+

slika

Втора #Еразмус+ мобилност на ученици од СОУ "Никола Карев" Струмица во рамки на меѓународниот проектот "Code of Future - Eco friendly robotics". Тимот од четири ученици и двајца професори учествуваат на втората Erasmus + мобилност во Лисабон, Португалија. Денешниот ден им започна со активности со Аугментативна реалност ,а потоа имаа претставување на нашата култура и традиција. Овие програми и проекти се одличен начин за стекнување нови и размена на веќе стекнати искуства, како и претставување на нашата држава во најдобро светло.

Наслов на новост

slika

Во петокот, 24.12.2021 год., во рамките на проектот за меѓуетничка интеграција , нашето училиште беше домаќин на ОСТУ -Техничкото Училиште "Гостивар" од Гостивар ,во кој учествуваа по десет деца од двете училишта. Низ повеќето различни активности учениците, како и професорите се дружеа, ,разменија искуства и дадоа ветување за продолжување на соработката и продлабочување на новите стекнати пријателства.

Активности за врсничка едукација

slika

Во рамките на програмата со активности за врсничка едукација и поддршка, кои ги организира „Europe House“ Струмица во соработка со младинската организација „Центар за истражувања и анализи НОВУС“ Струмица, во нашето училиште се оддржа дводневна работилница на тема: „Peer to peer education on mental health, self-care and self-knowledge“. Оваа работилница покажа дека за вакви теми и настани постои голема заинтересираност од страна на младите средношколци.

Посета од ОУ "Видое Подгорец"

slika

Поддржуваме, одржуваме и продолжуваме со инклузијата во сите нивоа на образованието. Големи и мали заедно, дружејќи се и помагајќи си можеме да надминеме сé. Прекрасно дружење со милите дечиња од IIв одд и учителкатa Соња Цицимова од ОУ " Видое Подгорец"

Регионален саем

slika

Во нашиот град се одржа првиот регионален саем за социјално претприемништво во Југоисточниот плански регион, на кој учествуваа учениците Сара Крстева III-7, Георгина Свиркова III-7, Александар Грозданов III-7, Изабела Наковска III-8, Сандра Јованова III-8, каде имаа можност да разговараат со сопственици на социјални претпријатија за начинот на функционирање на овој модел бизниси. Со оваа активност учениците се поттикнуваат за идеи како да помогнат и придонесат за социјално ранливи и маргинализирани групи да бидат вклучени во секојдневните економски активности.

Уредување на училишниот ѕид

slika

Креативноста го прави животот пошарен, позабавен и поинтересен . Ученичките Росана Стојанова, Марија Чурлинова и Розета Чапанова од СОУ,,Никола Карев"Струмица од текстилно кожарската струка под менторство на наставничката Маргарета Спасов со својата креативност разубавија еден ѕид во канцеларијата на стручната служба со мотиви од зелени листови. Браво за нашите креативни, вредни и талентирани девојки

Практична настава

slika

Кога теоријата се применува во пракса, водена од посветени професори,а извршена од вредни ученици, тогаш успехот не изостанува . Комплетно реновиран мебелот во канцеларијата на стручно-педагошката служба во нашето училиште за време на часовите по практична настава, на големо задоволство и на службата,а и на учениците кои секако се гордеат со своето дело. Уште еднаш БРАВО за нашите вредни момци од шумарско-дрвопрепработувачката струка !!!

Практична настава

slika

БРАВО за вредните ученици од шумарско-дрвопреработувачката струка во нашето училиште

Code of future - Eco friendly robotics

slika

Учениците и нивните ментори oд нашето училиште, по успешните активности во мобилноста од проектот "Code of future - Eco friendly robotics", се вратија со сертификати и ги средуваат своите импресии од мобилноста. Активноста во оваа мобилност беше конструирање и кодирање на робот кој ќе се движи автономно, со тоа ќе се овозможи помало загадување и почиста околина.

Еразмус+ мобилност во Талин

slika

Два дена успешни активности на учениците од СОУ "Никола Карев" Струмица во првата Еразмус+ мобилност во Талин , Естонија од проектот "Code of future - Eco friendly robotics". За време на своите активности тие конструираа и кодираа автономен робот за достава до одредена локација. Така успешно ја исполнија целта на мобилноста за " Eco friendly robotics - Green roads".

Code of future

slika

Успешни први активности и претставување на учениците од СОУ "Никола Карев" Струмица во рамките на првата Еразмус+ мобилност, проект "Code of future - Eco friendly robotics".