Со своите знаења предадени од професорите, квалитетни во стручната област создаваме изградени личности за идната професија.
Ученици подготвени за пазарот на трудот се продукт на соработката со приватниот сектор во практична настава.
Со компјутерска технологија и соодветни програми ја остваруваме желбата на секој ученик кој не е во можност со физичко присуство да ја следи наставата.
Средното Општинско Училиште „Никола Карев“ од Струмица има околу 1500 ученици опфатени во образовни профили со четиригодишно и тригодишно траење на образованието. Училиштето исто така овозможува и специјалистичко образование од електротехничка, машинска и сообраќајна струка. Ние сме средина секогаш отворена за креирање и создавање. Користејќи современа образована технологија вршиме оспособување на кадри способни да одговарат на современите професионални предизвици..